„Ќе печалам пари во далечната Австралија“ - македонскиот срцекршач премина на народно?
Виктор Апостоловски кој ги освои симпатиите на понежниот пол со учеството во музичкото шоу „Идол“ проговори за своите професионални планови.
Тој на своето гостување во радио емисијата „Мак Сцена“, покрај своите идни планови за новите поп песни на македонски и англиски јазик кои ги подготвува, проговори и на интересна тема за традиционалната македонска музика.
- Секогаш ми било во план да обработам некоја стара македонска традиционална песна. Татко ми е хармоникаш, а дедо ми, со оглед на тоа што има 91 година, знае прекрасни песни, па навистина би сакал во иднина да направам нешто вакво, изјави Виктор.
Вратите накај Австралија веднаш ќе ми се отворат, зарем не?!, на шега додаде пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа