Превенција, спречување и заштита од семејното насилство

 

Судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја денеска учествуваа на тркалезната маса посветена на Новиот закон за превенција, спречување и заштита на семејното насилство, која се одржа во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Како што информираат од Академијата, тркалезната маса е резултат на успешната реализација на тренинг програмата за превенција од семејно насилство, која Академијата во текот на 2011 година ја спроведе во соработка со Меѓународната организација – Програма за развој на Обединетите нации, како и на заложбите на Академијата, преку одржаните советувања да  придонесе за соодветна едукација на инволвираните страни во проблемот на семејното насилство.

Судиите и јавните обвинители по завршувањето на тркалзената маса се очекува стекнатите знаење успешно да ги пренесат на своите колеги.

Во поздравното обраќање постојан претставник од УН/УНДП Луиса Винтон изрази задоволство од посветеноста на Академијата за навремена подготвка на националните правни практичари за доследна примена на новите одредби согласно новиот Закон за превенција, спречување и заштита на семејното насилство.

Директорката на Академијата Анета Арнаудовска ја подвлече заложбата на оваа институција секогаш брзо и ефикасно да одговори на сите нови правни предизвици од различни области и теми и да обезбеди навремена, стручна и професионално обука во поглед на истите за сите судии, јавните обвинители, адвокати, како и сите други релевантни страни.

Арнаудовска истакна дека тркалезната маса се реализира веднаш по донесувањето на Новиот закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, а целта е да се дискутира и да се разјаснат дилемите околу новите законски одредби, доколку се појават, како и да се понудат квалитетни решенија за случаите со кои се соочуваат националните правни практичари во својата секојдневна работа.

 

Академијата до сега во сорботка со УНДП/ОН и УН Воман успешно реализираше два проекти посветени на темите кои се однесуваат на семејното насилство, во чии рамки беа обучени 290 судии и јавни обвинители, адвокати, претставници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а беа издадени и два прирачника.

 

Предавачи на тркалезната маса беа авторите кои ги изработија прирачниците во кои беше третирано семејното насилство од повеќе аспекти меѓу кои акцентот беше ставен на судската пракса.

03.10.2014 - 15:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега