Николоски набљудувач на предвремените парламентарни избори во Бугарија
На предвремените парламентарни избори во Република Бугарија, закажани за 6 октомври, шефот на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски ќе учествува како член на ад-хок Комитетот за набљудување на изборите.
Тој ќе ја предводи мониторинг мисијата за избирачките места кои се во регионот на главниот град на Бугарија, Софија.
Николоски беше член на ад-хок Комитетот за набљудување и на минатогодишните парламентарни избори.
Пратеникот Николоски беше дел и од ад-хок Комитетот за набљудување на избори и на минатогодишните претседателски избори во Азербејџан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа