Автотакси превозниците се вклучуваат во „Вози безбедно – Вози со врзан појас”

 

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, претставници од Министерството за внатрешни работи, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и од Асоцијацијата на легални автотакси превозници, денеска во Градскиот парк ќе упатат апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена употреба на сигурносните појаси.

Како што информираат од РСБСП, целта на овој настан е промоција, поддршката и вклучување на Асоцијацијата на легални автотакси превозници во кампањата „Вози безбедно – Вози со врзан појас”.

Такси возачите покрај со својот личен пример за користење на сигурносните појаси, ќе ја поддржат оваа кампања преку лично укажување на патниците во такси возилото да ги употребуваат сигурносните појаси за време на патувањето.

Кампањата за зголемена употреба на сигурносните појаси под мотото „Вози безбедно – Вози со врзан појас“ е составен дел од владината кампања за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата - Почитувај го животот“.

03.10.2014 - 09:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега