Истражување: Колку Македонците користат безбедносни појаси? (ФОТО)

 

Републичкиот совет за безбедност во неделата направи истражување во кое беа опфатени четири скопски општини, а за да се утврди колку возачите и сопатниците употребуват безбедносни појаси во автомобилите, односно кациги кај мотоциклистите.

optini-500

Во рок од еден час во периодот од 13:30 до 14:30 набљудувани биле 2.266 патнички возила и 297 мотоцикли во Ѓорче Петров на раскрсницата кај бул.„Ѓорче Петров“ и ул. „Васил Чакаларов“ , во Центар на бул.„Партизански одреди“ со бул.„Св.Климент Охридски“, Чаир на „Џон Кенеди“ со „Цветан Димов“.

Во Карпош се набљудувала раскрсницата меѓу булеварите „Илинден“ и „8-ми Септември“, во општина Гази Баба раскрсницата на „Александар Македонски“ со „16-Македонска бригада“, додека во Аеродром „Јане Сандански“ со „АСНОМ“.

Резултатите покажуваат дека најголем дел од возачите и совозачите кај патничките автомобили не употребувале безбедносни појаси.

vozaci-500

grafikon-500

Кај мотоциклите поголем е бројот на возачи кои употребуваат кацига, додека многу мал број од сопатниците на мотоциклите или мопедите ја користат истата.

motocikli-500

grafikon0-500

Токму поради лошата сообраќајна култура, Владата превзема сеопфатна кампања за безбедност во сообраќајот која ја поддржаа голем број на институции и јавни личности.

Причината за отпочнување на кампањата е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од несaкани незгоди во сообраќајот.

vladaaa-500

Оваа кампања носи слоган „Почитувај го животот,почитувај ги правилата“ и се однесува и е насочена кон сите учесници во сообраќајот. Возачите, велосипедистите, пешаците.

За жал податоците покажуваат дека на патиштата во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година достигна 198 лица или 9 жртви на секои 100 илјади жители.

vozi-bezbedno-500

Централната порака на оваа кампања е ВОЗИ БЕЗБЕДНО СО ВРЗАН ПОЈАС! Таа се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои претставуваат процентуално најголем учесник во сообраќајот. Неврзувањето на појас е една од главните причини за настанување на тешки телесни повреди на возачите или пак повреди кои носат во смрт.

Секој учесник во сообраќајот мора да биде информиран дека светските практики покажуваат дека шансите да загинете во судар се двојно поголеми ако не носите безбедносен појас! Возачите и патниците на возраст од 17 до 34 години имаат најниска стапка на врзување појас во комбинација со највисока стапка на несреќи. Тоа значи дека многу млади животи згаснуваат како резултат на слабата сообраќајна свест.

02.10.2014 - 17:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега