Прилепчанката Дениса се самоубила
Дваесет и три годишната Дениса Маркоска од Прилеп се фрлила од бродската палуба пред пристаништето во Крит, јавува Канал 5 повикувајќи се на неименувани извори. Според телевизијата, девојката се самоубила фрлајќи се од бродот "Серенисима", на кој што работела.
Телевизијата објавува дека на семејството Маркоски му биле предадени личните работи на Дениса која таа ги оставила во бродската кабина.
Родителите не сакаат да зборуваат јавно, но бараат информации за својата ќерка. Сѐ уште нема официјална потврда за тоа што точно се случило со Дениса и каде е нејзиното тело.
Капетанот на бродот случајот го пријавил во полицијата во Грција.
Дениса работела на брод две години. И се губи секаква трага на 13 септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа