Марија е родена во македонско семејство но зборува и разбира само англиски
„Дневник“ го посети Дневниот центар, кој е отворен пред четири месеци, каде што се овозможени специјален третман и едукација на деца со аутизам. Центарот работи во рамките на Заводот за рехабилитација во скопската населба Топанско Поле.
Три насмеани главички не поздравија на вратата од единствениот Дневен центар за деца со аутизам во скопската населба Топанско поле. Марија, Лука и Михаило имаат по шест години.
Михаил не се двои од својата книга, Лука постојано го гасне светлото и сака да се слика, а Марија исклучиво разбира и зборува англиски иако е родена и живее во Скопје.
- Дојди Лука, ајде да влеземе во обрачот. Дај ми го рачето. Ајде можеш ти, само обиди се – вака го мотивира логопедот Елена Степаноска додека работи со темпераментниот Лука.
За тоа време Марија, која одмара на една голема гумена топка, постојано на англиски повторува реченици со совршен нагласок, иако целото нејзино семејство се Македонци и никој не зборува по дома англиски – велат во Центарот.
- Секое дете има свој свет. Некое е позатворено, некое полесно со опушта, но главно со странци што првпат ги гледаат не комуницираат – вели Степаноска.
Целата сторија може да ја прочитате на овој линк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа