Радост за потрошувачите: Полноќен шопинг и цени на половина во Палма мол
Палма мол, најголемиот трговски центар во западниот дел на Македонија, од 2 до 4 октомври, повторно ќе им овозможи на купувачите од Тетово и околните места продолжено време за шопинг. Продавниците, угостителските објекти и супермаркетот кои што ќе работат од 10 часот наутро до полноќ, ќе понудат одлични производи од реномирани брендови со атрактивни попусти.
-Повторно го продолжуваме работното време и ги отвораме вратите на продажните салони, ресторанот, корнерите за храна и пијалоци и супермаркетот со цел да им овозможиме на сите граѓани продолжено време за шопинг и купување на производи и намирници за нивните домаќинства по намалени цени. На овој начин, воедно го одбележуваме и големиот муслимански празник Курбан Бајрам, затоа што неговата убавина е во споделувањето на радоста и среќните моменти, но и актуелизирањето на хуманоста, поради делењето на сите нешта со оние кои имаат помалку. Со намалувањето на цени, брендовите застапени во Палма мол, придонесуваат на купувачите полесен пристап до посакуваниот производ, изјавија од Палма мол, пренесе Курир.
Палма мол по втор пат приредува ваква акција и покрај бројните попусти, на сите посетители им најавува денови исполнети со забава и изненадувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа