ВИДЕО: Ќерката им беше се но ја загубија - врзете појас!
Според полициските статистики за 2013 година, десет пати се поголеми шансите животот да се загуби во сообраќајна несреќа отколку во убиство. Користењето на сигурносен појас значително го намалува бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
Врзувањето со сигурносниот појас е задолжително во Македонија. Законот за заштита во сообраќајот укажува на тоа дека возачот и со-возачите во автомобилот мора да бидат на своите места каде што се вградени сигурносните појаси, заврзани на начин кој го предвидел произведувачот на автомобилот со оглед на конструкцијата на сопирачкиот систем.
Во Македонија се почитува законот за употреба на сигурносните појаси. Според податоците на полицијата степенот на употреба на сигурносниот појас континуирано се зголемува. Но за жал на нашите патишта сеуште има голем број на сообраќајни несреќи со големи телесни повреди или со смртни исходи поради некористење на истиот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа