Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор Петков
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово имаше работна средба амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков.
Ахмети и Петков разговарале за билатералните односи меѓу Скопје и Атина и за можноста за интензивирање и зајакнување на врските меѓу двете земји на културен и економски план.
На средбата било заклучено дека само целосно интегриран регион во НАТО и ЕУ може да обезбеди одржлив мир, безбедност, стабилност и економски развој. Интеграцијата во НАТО и ЕУ не е провокација кон никого, но е подобрување на историската неправда и реализација на природната припадност на регионот во Европа, се согласиле соговорниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа