ВИДЕО: Колку брзо реагираме на звуците од нашиот смартфон?

Повеќето сопственици на паметни телефони веројатно се свесни за фактот дека премногу време поминуваат на своите уреди. Меѓутоа, она што можеби не го приметуваме е колку брзо реагираме на секој звук кој доаѓа од нашите омилени играчки.

Со тоа мислење беа водени и авторите на оваа скриена камера кога одлучија да си поиграат со овој модерен рефлекс.

Како што можеме да видиме во видеото, доволен е само еден звук за сопствениците на смартфон да се претворат во Павлови кучиња кои истиот момент се фаќаат за џебовите и торбите со надеж дека се барани.

Иако намерата на авторите е да се пошегуваат на сметка на сопствениците на паметни телефони, вознемирувачко е колку овие уреди на станаа важни.

30.09.2014 - 15:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега