ВИДЕО: Врзаниот безбедносен појас спасува животи
Годишно во светот во сообраќајни несреќи гинат 1,25 милиони луѓе и ако продолжи сегашниот тренд до 2030 година, бројот на жртвите тројно ќе се зголеми на 3,6 милиони жртви, покажуваат резултатите од истражувањето на „Глобално бреме на болестите“. Над 50 милиони луѓе годишно во светот се повредени во сообраќајни несреќи.ѓ
Во Македонија податоците покажуваат дека на патиштата во земјава секој втор ден згаснува по еден живот, а бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година достигна 198 лица или 9 жртви на секои 100 илјади жители.
Безбедносниот појас е за твоја безбедност, но и безбедност на останатите во возилото. Една владина агенција во САД заклучила дека помеѓу 2005 и 2009 година, само во таа земја безбедносните појаси им го спасиле животот на преку 72.000 луѓе. Дали воздушното перниче е замена за појасот? Не. Воздушното перниче е дополнение на безбедносниот појас за поголема безбедност.
Ова е само еден спот од светските кампањи за безбедност во сообраќајот, кои ја покажуваат важноста на сигурносниот појас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа