Градскиот пазар во Штип наскоро во ново руво

 

Од денеска се почна со реконструкција на Градскиот пазар во Штип. Градежните зафати се дело на штипското комунално претпријатие „Исар“ и градежната фирма „Активиа“.

Целосното покривање на пазарот се очекува да заврши за 50 дена. 

- На градскиот пазар ќе бидат поставени 1.300 метри квадратни бехатон плочки. Имаме обезбедено 30 нови тезги. Целиот пазар ќе биде покриен и со самото тоа ќе имаме 100 продажни места и ќе добиеме 300 метри квадратни деловен простор, појасни Бојаџиев.

Тој додава дека реконструкцијата и покривањето на Градскиот пазар ќе чини над 30. 000 евра. Со овој досега најголем градежен зафат, подвлече, на пазарот на продавачите и на купувачите ќе и се понудат подобри услови.

Штипскиот Градски пазар е изграден пред 25 години, а ова е најголемата реконструкција која ја има направено ЈП „Исар“. 

29.09.2014 - 14:23

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега