И Грција се придружи кон меѓународната коалиција против Исламска држава

Грција ќе земе учество во меѓународната коалиција за борба со џихадистичката група Исламска држава, објави министерот за надворешни работи Евенгелос Венизелос.

- Грција го поздравува формирањето на меѓународната коалиција против Исламска држава. Ќе учествуваме во коалицијата на политичко ниво со хуманитарна помош, како и на воено ниво со доставување оружје за борци во ирачки Курдистан, се вели во соопштение од гршкото МНР.

Во него се додава дека помошта ќе биде дадена по изготвување соодветни препораки од странана Министерството за одбрана. 

25.09.2014 - 09:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега