Се уште нерешена мистерија: Девојчето родено без крв тргна во училиште
Малата Мејси Вигнес пред четири години е родена без хемоглобин во крвта и успеала да преживее, а ваквиот случај е единствен досега забележан во светот.
Мејси ги воодушеви и учителите во основното училиште „Холи Крос“ во близината на ирскиот Траморео. Како што раскажува мајката на Ема, таа одлично се снашла во училишните клупи.
- Имаше случаи кога бебињата преживуваат со ниво на хемаглобин од четири, но без крв – не. Мејси имаше само мало ниво на плазма – прераскажува мајката Ема која девојчето на свет го донела со царски рез шест недели пред предвидениот термин.
Слатката Мајси две недели поминала во инкубатор и секојдневно била на трансфузии со крв и тромбоцити. Нејзиното слабо детско тело се изборило за живот.
Лекарите се' уште не утврдиле што е тоа што предизвикува бебешката крв во потполност да се апсорбира во телото на мајката како што е случајот со мајката и ќерката Вигнес.
Се смета дека причина би можело да биде траумата во бременоста, но Ема на тоа одмавнува со раката.
- Мојата бременост беше во ред се' до 34-та недела. Тогаш добив отоци и сe' тргна наопаку – вели Ема. Во нејзиниот случај веројатно дошло до пукање на дел од водењакот што предизвикало апсорпција на крвта од телото на плодот во матката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа