Трогателно: Чекала да заигра на свадбата на син и па да почине

 

61- годишната Мери Ен Менинг на 5-ти септември на венчавката на нејзиниот син успеала да ја собере сета сила која ја имала и станала за да заигра со него.

Мери боледувала од рак на дојка, но успеала да се избори со болеста, барем до исполнување на нејзината последна желба, а тоа е да заигра танго со својот син на неговата свадба.

На 5-ти септември нејзиниот син се венчал, а таа за време на прославата ја собрала сета сила која ја имала и станала за да заигра со него. Три дена подоцна, Мери и се предала на болеста.

Видеото од последниот свадбен танц го сподели нејзината ќерка Кристи со објаснување:

„Среќа е што го снимивме овој момент на олеснување, премногу сме среќни. И среќни сме што можеме да ја споделиме приказната со други луѓе, за сите да знаат колку прекрасна жена беше. Толку сме горди што можеме да кажеме дека таа е наша мајка!“

23.09.2014 - 10:16


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега