На џихад во Сирија гостиварец заминал со целото семејство
Гостиварецот со иницијали Б.Ф. е еден од повеќето Албанци од Македонија кои моментно се на боиштата во Сирија, а кој таму престојува од 2013 година заедно со семејството, објави порталот „Алмакос“.
Во веста се наведува дека тој бил економски добро ситуиран, поседувал бизнис во Гостивар. Kако прилог објавена е и фотографијата на која гостиварецот се гледа како пие чај заедно со Лавдрим Мухаџери, водачот на албанските џихадисти во Сирија и во Ирак. Под фотографиите пишува дека „лавот“ Лавдрим е жив.
Неодамна најпрвин курдска телевизија објави вест дека Мухаџери, кој е лидер на албанските џихадисти во ИСИС, е убиен, по што арапски медиуми објавија и фотографии на изрешетено лице за кое тврдеа дека е Мухаџери. Дали објавата на гостиварецот е точна не може да се потврди, како што не може да се потврди времето кога фотографиите се направени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа