Ден на таткото
Со доделување награди за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Најдобриот татко“, Националниот совет за родова рамноправност денеска во Скопје ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото.
Награди ќе им бидат врачени на најдобрите, но и на градинките и училиштата кои испратиле најмногу дела на конкурсот што го објави Националниот совет.
Денот на таткото во Македонија прв пат беше одбележан во 2006 година и од тогаш до сега секоја година во септември Националниот совет за родова рамноправност оргнизира настан во кој ги вклучува децата од градинките и основните училишта, поттикнувајќи ја нивната креативност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа