Најскапата друштвена мрежа - нема да верувате колку треба да платите за неа

 

Како што постојат ексклузивни клубови во кои се дружат најбогатите и најуспешните во вистинскиот живот, такво место постои и онлајн. „The Netropolitan Club“ е најверојатно најексклузивната онлајн заедница.

Оваа заедница е претставена како „онлајн клуб за луѓе кои имаат повеќе пари отколку време“. За да се зачлените во „Netropolitan“ потребно е да платите 9.000 долари, само за регистрација, а потоа членарина секоја година од 3.000 долари.

 

Се работи за друштвена мрежа на која запознавате истомисленици од целиот свет, кои делат ваш животен стил и интересирање.  Услугата не е достапна од јавниот интернет, а тука се вклучуваат и пребарувачи, а целиот пренос помеѓу членовите е шифриран.

19.09.2014 - 12:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега