Се вжешти линијата на „Ало докторе“ - еве колку повици имало до сега
На телефонската линија 15123 за медицински совети за граѓаните „Ало докторе“ од 15 септември до 18 септември со пресек до 22 часот имало 738 повици.
Како што соопштува Здравствениот Дом во СКопје сите граѓани кои се јавиле на бројот добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет. На дваесетина повици од цела Македонија, најчесто од Скопје докторите-специјалисти оцениле дека повикот треба да го пренасочат кон службата за Итна медицинска помош.
Најголем број од повиците се поврзани со респираторна, кардиоваскуларна етиологија и симптомна болка.
19.09.2014 - 09:28
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа