Трагедија: Момче почина на голем одмор по расправија со другарите

Почина 11-годишен ученик од Зеница, кој за време на големиот одмор се карал со другарите и паднал. Несреќата се случила во училницата за време на одморот, по што момчето Х.М. паднало на земја.

Во тек е истрагата, а пред училиштето се собираат родители кои доаѓаат да си ги земат децата.

Директорот на училиштето „Муса Чазим Чатиќ“, Есад Чоровиќ, за босанскиот портал Абаз вели дека не може да каже ништо повеќе до крајот на истрагата.

18.09.2014 - 14:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега