Бев во врска со три девојки истовремено, а потоа тие сурово ми се одмаздија

Овој дечко доживеал вистински хорор откако се обидел да измами три девојки. Чарли Фишер е дечкото кој се обидел да се направи мангуп и да биде во романтична врска со три различни девојки.

Тој не сметал дека ќе биде откриен, а уште помалку дека сите три ќе се здружат против него.

Девојките ја откриле неговата измама случајно, додека Чарли бил на одмор, па преку Твитер и Фејсбук се поврзале и смислиле пеколна одмазда.

Заедно го поздравиле на аеродромот Лутон, каде извикувале "лажго, лажго". Така, вниманието на целиот аеродром било насочено кон него, а од бесните девојки го спасила неговата баба.

17.09.2014 - 20:39


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега