Таа има 90 години и сигурно се забавува подобро од вас

Најзабавната бабичка на светот има 90 години и се вика Мари Лу Махани. Оваа бабичка е од Мериленд и станала вистински хит на интернет откако биле објавени нејзините фотографии со разни авантури.

Таа е чист пример дека годините навистина се само бројка.

 

Мари патувала на сите континенти и може да се пофали дека била во преку 100 земји. Оваа супер бабичка исто така во својата биографија може да запише и некои прилично опасни авантури.

- Се возев со теренски возила низ африканските џунгли, со боб во Нов Зеланд, со балон во Австралија. Се искачив на  Змејското гнездо во Бутан, искусив парасејлинг во Грција и јавав коњи без седло во Аргентина. – раскажува Мари.

Супер бабичката својата авантура ја започнала на 72 години кога го загубила мажот.

- Тој многу сакаше да патува, а ретко го правевме тоа. Но, откако почина одлучив дека мора да го видам светот. – искрена е баба Мари.

Иако е веќе во десеттата деценија од животот, неа не ѝ недостига инспирација за нови походи.

-Едноставно, се будам секое утро и го сакам животот во целост. Мислам дека е фантастично кога гледам места од историско значење со сопствените очи.

Таа и не планира наскоро да запре, туку веќе има нова возбудлива авантура.

- Сега ќе одам на крстарење на Карибите каде планирам да пробам зип-спуштање по јаже, а потоа одам да го истражуваме Бурма маало. – возбудено открива Мари.

 

17.09.2014 - 20:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега