Тука се руча во ќелии

Во Кина отворен е сосема необичен ресторан: Посетителите ќе ручаат во ќелии и накусо ќе почувствуваат како е да се биде затвореник.

Вкусните вечери сигурно не потсетуваат на затворската храна, но сопствениците успешно се потрудија  околу околината. Во зависност од тоа колку гости има на вечерата или ручекот, толку е голем кафезот.

Ресторанот е преслика на типичен кинески затвор, а освен ќелијата, односно имрповизираниот кафез, во него ќе пронајдете самица и соба за испитување.

Јадењето се послужува низ отворот на имповизираните врати, како во самицата, а дури и музичарите задолжени за пријатна атмосфера, сместени се во свој кафез. Сопственикот на ресторанот на шеговит начин порача дека сака гостите да уживаат во јадењето, но и да научат да ја ценат слободата. 

17.09.2014 - 13:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега