Неверојатно: Уловен рак-арагоста тежок 27 килограми

Во водите на Јонско Море, кај преубавото албанско приморско гратче Химара, во рибарска мрежа уловен е рак (јастог) од видот „арагоста“ долг два метри и тежок 27 килограми.

Овој вид рак живее во Медитеранот, во водите на Јонско и Јадранско Море. До сега во овој дел од албанските води е фатен рак со тежина до седум килограми.

Сега уловениот, кој тежи 27, го собори светскиот рекорд запишан во Гинисовата книга на рекорди, каде е запишан улов на овој вид рак со тежина од 20 килограми.

Како што наведува агенцијата Балкан веб уловениот рак е продаден на бизнисмен од Тирана за цена од 300 илјади леки (околу 150 илјади денари). 

17.09.2014 - 12:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега