„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и во детските градинки

 

 

Продолжува педесетгодишната традиција од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Оваа година покрај во училиштата истата ќе се спроведува и во детските градинки се со цел значењето на сообраќајната култура да им се приближи на децата од најрана возраст.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети дечињата од детската градинка „Кокиче“ во склоп на „Весели Цветови“ Кисела Вода.

Децата гледаа краток филм, возеа велосипеди, а по кусиот разговор што го имаа со полицаецот министерот Спасов на сите дечиња им подари светла за велосипед.

- Во рамки на големата владина кампања „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ продолжуваме со програмата која што го носи насловот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Заедно со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР, МТСП продолжуваме со низа на едукативни работилници кои што имаат за цел да ги научат децата на основните правила и прописи на сообраќајот преку најразлични предавања, практични обуки за користење на велоспед, анимирани филмови кои што се прилагодени на вораста на децата, истакна министерот Спасов.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  Никола Ангеловски истакна дека кампањите не застануваат тука и  во текот на цела година оваа кампања ќе биде проширена и надополнета со други активности .

 -Крјната цел на оваа кампања е помалку жртви во сообраќајот и помалку материјални штети и незгоди кои што настануваат секојдневно на патиштата, истакна Ангеловски.

17.09.2014 - 11:47
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега