Предлог-законот за извршување на Буџетот пред пратениците
Собранието на Република Македнија денеска ќе ја продолжи 15. седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година, по скратена постапка.
Пред пратениците се и предлог-законите за изменување на законите за прекинување на бременоста, за санитарната и здравствената инспекција, за јавно здравје, за безбедност во снабдувањето со крв, за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите во прво читање.
На седницата треба да се расправа и по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за биомедицинско потпомогнато оплодување и за заштита на населението од заразни болести, двата во прво читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа