Војна во Бар: Со снајпер убиен предводник на најголемиот мафијашки клан - се пука низ цел град

Вистинска војна се одвива во моментов на улиците на градот Бар, на црногорското приморје. Како што јавува српски Курир, со истрел од снајпер убиен е водачот на кланот Османагиќ, Армин Муша Османагиќ. Тој е убиен додека седел пред кафуле со еден куршум од снајпер во стомакот. ПОкрај него, во пукањето, повреден е и келнерот во кафулето.
Веднаш потоа, во кафуле на соседната улица, еднен се уште непознат напаѓач почнал да пука со пиштол кон група млади луѓе кои седеле на терасата.
Полицијата се уште трага по него а сомнежите се дека станува збор за припадник на кланот Осамангиќ, чиј водач беше убиен претходно.
Кланот Османагиќ е еден од најсилните кланови во Црна Гора. Се заминаваат со перење на пари, а сега убиениот предводник бил обвинет и за убиство на новинар.
Се уште нема информации дали и колку има повредени во пукотниците во кафулето. Полицијата цел терен го држи под опсада а низ градот на сите страни се слушаат пукотници и рафали. 

16.09.2014 - 14:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега