Потпишан договор: Во Црна Гора ќе се вози со македонски дозволи

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерката Гордана Јанкулоска денес е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. 

Во рамки на посетата Јанкулоска се сретна со нејзиниот домаќин, црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.

-Средбата беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за заемно признавање на возачките дозволи. Договор со којшто значително ќе им се олесни движењето и претстојот на граѓаните на двете држави кои по било која основа престојуваат или транзитираат на државните територии на двете земји, соопштуваат од МВР.

Министрите на својата средба се согласија и за организирање заеднички обуки за припадниците на министерствата за внатрешни работи, како и низа заеднички оперативни активности меѓу полициските органи и нивно заедничко учество во регионални и меѓународни истраги

15.09.2014 - 15:20


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега