Експертски тим на УСАИД во посета на Охрид

Експертски тим на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) денеска оствари средба со претставници на локалната самоуправа во Охрид, посветена на можностите за поддршка на проекти од областа на демократијата, човековите права и доброто владеење.

Преставниците на УСАИД се запознале со активностите на локалните власти во повеќе области, како дел од процесот на изработка на стратегиски план за обезбедување поддршка на Република Македонија за наредните пет години.

Експертите на УСАИД се интересираа за соработката на општината со невладиниот сектор, меѓуетничките односи, безбедносната состојба и развојот на граѓанското општество. Гостите беа информирани дека Локалната самоуправа има интензивна и квалитетна соработка со невладиниот сектор, што се гледа преку поддршка на  64  нивни проекти од разни области. Беше речено дека во Охрид меѓуетничките односи се на високо ниво, а безбедностата состојба е стабилна. Посебно беше потенцирано дека Охрид е еден од ретките градови каде успешно се реализира проектот  за заеднички патроли во кој покрај СВР, вклучена е општината и претставници на урбаните заедници.

По завршувањето на посетите и консултациите со низа домашни лидери и експерти од државната управа и граѓанскиот сектор  што е предвидено да се реализираат до 26 септември, експертската група на УСАИД ќе даде конкретни препораки за идните програмски активности во Република Македонија.

Претставниците на Општина Охрид изразија благодарност за досегашната подршка на УСАИД во реализација на неколку проекти, особено во областа на образованието, како пилот-проектот за инегрирано образование, како и зафатите за реконструкција на детската градинка „Јасна Ристеска“ и оспособудањето простории за предшколска настава во училиштата во селата Лескоец и Велгошти.

Предвидено е такви градинки да се отворат и во населбите „Радојца Новичиќ“ ,  Рача и Пештани.

15.09.2014 - 14:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега