Од четврток повисоки температури

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и со пообилни врнежи од дожд и електрични празнења, особено во источните делови, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени. Во Скопје и околината променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи и со температура до 25 степени. До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри на метар квадратен дожд.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

14.09.2014 - 00:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега