Стартува новата сезона на политичкиот магазин „Пулт“

Денеска стартува новата сезона од политичкиот магазин „Пулт“ со Славица Арсова на Радио Слободна Македонија. За разлика од минатата сезона, оваа радио магазинот има нов термин. Секој петок ќе се емтиува од 11 часот. Стандардно како и минатата сезона слушателите на Радио Слободна Македонија можат да очекуваат пресек на најважните политички настани од изминатата седмица и интервјуа на значајни теми.
Во првата емисија во втората сезона, гостин на Славица Арсова во студиото на Радио Слободна Македонија ќе биде портпаролот на Владата, Александар Георгиев. 
Емисијата почнува за неполн час, а на интернет можете да ја следите преку овој линк или на фрекфенциите на Радио Слободна Македонија низ целата земја. 

Скопје 96.0 fm,  Велес 91.5 fm, Охрид и Струга 89.9 fm, Кичево 94.3 fm, Тетово и Гостивар 90.0 fm, Куманово 99.3 fm, Дебар 98.9 fm, Кавадарци и Неготино 92.5 fm, Струмица 89.9, fm Прилеп 89.9 fm, Крива Паланка 91.3 fm, Радовиш 89.4 fm, Кочани 95.5 fm, Битола 95.8 fm, Гевгелија 97.7 fm.

12.09.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега