„Ова за мене е семеен бизнис"- исповед на една порно ѕвезда

26- годишната Кајден Крос во едно интервју за „New York Times” открива зошто се одлучила да снима порно филмови, како го запознала и како се омажила за колега од сетот.

 

 

Проблемите во семејството на Кајден започнале кога нејзината мајка затруднела по втор пат. Откако дознал за бременоста нејзиниот татко го напуштил семејството, а мајка и` тешко успевала да се избори со финансиските проблеми.

Кога Кајден била прва година на факултет, почнала да се занимава со стриптиз. Според нејзината изјава, заработувала доста пари. Токму парите биле причина што при крај на студирањето, се откажала. Сфатила дека „обичната работа“ нема да и` донесе такви приходи.
Поради работата патувала во Европа, Азија, Австралија, стриптизот го заменила со снимање порно филмови, а со 23 години отворила своја интернет порно страница. Чувствувала голема сигурност што сама заработува пари.

Кајден избегнувала сериозни врски со мажи, а тогаш на еден сет го сретнала Мануел, колега со кој играла во некој поранешен порно филм. Мануел бил многу љубезен кон неа и набрзо се заљубиле. Сексот не бил пресуден за тоа, туку една „понежна“ средба.

„Можеби е чудно порно ѕвезди да се заљубат поради бакнеж, но така беше во нашиот случај“, рече таа. Иако биле заљубени, не започнале врска, бидејќи Мануел во тој момент се забавувал со друга девојка. Кога ја прекинал таа врска, бил директен со Кајден. И` кажал дека сака сериозна врска со неа, но како услов и` рекол дека таа мора да ја напушти порно индустријата.

„Мојот најголем страв беше дека ќе се врати минатото и дека ќе станам самохран родител како мојата мајка, без пари, без диплома, дека ќе останам сама со децата“, рече Кајден. Но, и покрај тој страв прифатила да се омажи со Мануел и денес имаат ќерка.

11.09.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега