Со претставата „Ќелавата пејачка“ почна фестивалот „Ристо Шишклов“
Претставата „Ќелавата пејачка“ на театарот од Шабац, Србија, која синоќа беше изведена на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, го означи почетокот на годинешното 22-ро издание на ФКТ „Ристо Шишков“.
Добредојде и многу успех на актерите им посака градоначалникот Зоран Заев.
- Еве ви ги струмичките штици што живот значат,за да го покажете актер-ското мајсторство на единствениот Фестивал кој ви е посветен Вам.Оваа порака до актерите Струмица ја испраќа во чест на најмаркатниот актер на овие наши простори Ристо Шишков, им порача Заев.
Претседателот на жирито за избор на најдобар актер,минатогодишниот лауреат, Нико Горшиќ, изјави дека годинава најдобриот актер ќе се бира од од шеесетина глумци,кои ќе настапат во 10 претстави.
- За мене ова не е тешка задача,од проста причина што во плеадата уметници лесно ќе се препознае најдобриот,кој секако со својата игра ќе отскокне и ќе даде свој уметнички белег, рече Горшиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа