ФОТО: Во Прилеп одбележан Денот на независноста

 

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија, во Прилеп им беше оддадена почит на дејците и паднатите борци кои се бореле за самостојна македонска држава.

Делегации од општина Прилеп, од политичките партии и здруженија на граѓани,  положија свежи цвеќиња пред сите значајни споменици во градот: пред споменикот на „Методија Андонов-Ченто“, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, пред спомениците на „Кузман Јосифоски Питу“, „Ѓорче Петров“, „Пере Тошев“, на  „Могилата на непобедените” и пред споменикот „Карпалак”

08.09.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега