СДСМ ќе организира ручек на Три круши, но не кажува кој ќе го плати?
Најголемата опозициска партија вчера брифираше информација дека за Денот на независноста, 8 Септември, ќе се весели во познатото излетничко место Три Круши во скопската населба Драчево, но не беше соопштено кој ќе го плати ваквиот пикник.
Според информацијата која ја пренесоа опозициските медиуми, големата прослава на овој државен празник ќе започне во 10 часот, а организаторите најавиле дека за сите гости на овој собир е организиран и ручек, како и богат културно-забавен дел, на кој се очекува да настапат познати пејачки ѕвезди од домашната естрада.
Предвидено е празничен говор да одржи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но она што е нејасно е кој ќе го плати ваквиот собир на кој е најавена богата програма, како и голем ручек за партиските фунциобери и симпатизери на најголемата опозициска партија.
Останува отворено прашање кој ќе ги подмири трошоците за ваквиот пикник, дали можеби Општина Струмица со која раководи лидерот Заев, Општина Куманово каде локалната власт е во рацете на СДСМ преку градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц или пак можеби Фондацијата Отворено Општество Македонија- попозната како Сорос со која раководи Владимир Милчин?
Останува енигма чии ресурси ќе бидат искористени, имајќи во предвид дека не е прв пат штандови и останати реквизити од општините со кои управува СДСМ да бидат дел од партиските хепенинзи на опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа