Ахмети им ја честиташе новата учебна година на учениците и наставниците
По повод почетокот на новата учебна година, честитка до сите ученици и вработени во образованието во Република Македонија упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.
- Образованието е приоритет на нашата секојдневна активност во однос на подобрување на квалитетот на образовниот процес, како и потребната инфраструктура овозможувајќи им на учениците и наставниците оптимални услови за одржување на наставата и стекнување на знаења и вештини. Наставата е света професија и во себе ја носи одговорноста за иднината на една цела нација, затоа и нашата посветеност за да се помогне на наставникот нема да недостасува, туку е ставена во највисок степен на нашите приоритети, наведува Ахмети во честитката до учениците и наставниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа