Груевски: МПЦ и СПЦ да пристапат кон решавање на единственото отворено прашање меѓу Македонија и Србија
Во однос на единственото отворено прашање меѓу Македонија и Србија, спорот меѓу СПЦ и МПЦ, српскиот премиер Ивица Дачиќ по средбата со македонскиот колега Никола Груевски рече дека двете држави треба заедно да работат.
- Како што денеска во Ниш се слават 17 века од Миланскиот едикт, би сакал нашите две православни цркви да пристапат кон затворање на единственото отворено прашање помеѓу двете земји при што взаемните односи ќе послужат за пример во целиот регион, истакна премиерот Груевски.
Предвидено е следната заедничка седница на владите на Македонија и на Србија да се одржи догодина во Скопје.
ФОТО: Утрински