Штајнмајер: Без изненадувања за Македонија на Самитот на НАТО
На самитот на НАТО не очекувам изнандувања во однос на приемот на Македонија во Алијансата, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, на форум со граѓани во германското МНР.
Запрашан од Дојче веле, можно ли е поради ситуацијата во Украина на самитот да има изненадувања, па Македонија и покрај противењето на Грција, да го добие полноправното членство во Алијансата, тој посочува дела не е во состојба сега да прогнозира што уште се’ ќе донесе тековната седмица и оти имајќи го предвид развојот на конфликтот меѓу Русија и Украина, би бил задоволен кога би имал преглед на случувањата во наредниот половина ден.
- Би можел да кажам дека овој НАТО-самит го подготвивме колку што беше возможно. Ќе се одлучува за многу неопходни работи што се однесуваат на Балтичките држави. Што се однесува до проширувањето, доколку се погледне во документите, се гледа дека има различен напредок кај различните партнери од Западен Балкан. Во моментов, во однос на ова, не гледам дека ќе има големи изненадувања, вели Штајнмајер.
Тој најави дека поради ситуацијата со Русија, НАТО на состанокот на врвот ќе расправа за тоа како ќе ја гарантира безбедноста на балтичките држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа