Седум илјади основци запишани во новата учебна година во Прилеп
Во Прилеп новата учебна 2014/2015 година ја започнаа 7.000 основци во 11 основни училишта во општината и 3.500 средношколци во петте средношколски општински училишни центри.
- Се е во ред со училишните згради за почетокот на новата учебна година. Што се однесува до првоодделенците, во Прилеп нема ниту намалување, ниту зголемување на бројот на новозапишани првачиња и така е последните неколку години. Бројот на првачињата е 750. Преземени се и сите хигиенски мерки. Учениците на влезот си ги мијат рацете и се врши дезинфекција, вели Марјан Матракоски, советник за образование во локалната самоуправа.
Се очекува денеска да биде пуштен во употреба обновениот и комплетно уреден училишен двор на средното општинско медицинско и козметичко училиште „Ѓорче Петров“. За овој зафат од буџетот на локалната самоуправа се издвоен 1,5 милиони денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа