Ивановски во посета на Истанбул

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска и утре ќе биде во службена посета во Репубика Турција. Целта на посетата е учеството на 9-от Форум за интернет владеење (ИГФ), кој ќе се одржи во Истанбул во периодот од 2 до 5 септември.

Главната тема на овогодинешниот форум е „Поврзување на континентите за подобрено интернет владеење со вклучени засегнати страни“.

Во рамки на посетата министерот Ивановски денеска ќе учествува и на Лидерскиот состанок на високо ниво, на кој ќе има свое обраќање на тема „Градење на капацитети за економски развој”.

01.09.2014 - 10:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега