Основците и средношколците од денеска ќе седнат на школските столчиња
Денеска започнува новата учебна година 2014/15 за околу 280.000 основци и средношколци. Годинава за првпат се запишани 19.000 првачиња, а учебната година ќе започнета со засилени хигиенски мерки и деинфицирани училници поради опасноста од појава и ширење на жолтица во неколку општини.
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски денеска во основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров ќе ги промовираат новите учебници по предметите „математика“ и „природни науки“ за учениците од прво до трето одделение. Учебниците се изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености.
Покрај тоа, ќе присуствуваат и на пуштањето во употреба на новиот објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, изграден со средства обезбедени од страна на Владата на НР Кина.
Ресорниот министер Адеми ќе го посети и реконструираното основно училиште „Бајрам Шабани“ во село Долно Свиларе, општина Сарај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа