Уште две деца на Инфективна- расте бројот на заразени од Драчево
Во текот на вчерашниот ден уште две деца на 3 и 17 годишна возраст од Драчево побарале помош на Клиниката за инфективни болести.
И тие како и останатите на лекарите им рекле дека јаделе сендвичи од истата сендвичара.
и имале истите симптоми како и другите затруени, но покажувале полесна клиничка слика и по прегледот и дадената терапија пуштени се на домашно лекување. Со новите случаи бројката на затруени кои се јавиле на Инфективна достигна 39 лица. Од нив 12 пациенти се хоспитализирани. Од Клиниката за zdravstvo24.mk велат дека сите се во добра состојба.
Стабила е состојбата и на 29 годишната трудница од Драчево која е меѓу затруените кои се задржани на лекување. Сите затруени посочиле дека пред да им се влоши состојбата јаделе сендвичи од иста сендвичара во Драчево. Првичните претпоставки се дека се работи за салмонела бидејки сите пациенти имале исти симптоми карактеристични за бактериска цревна инфекција. Точната причина за масовното труење ќе се знае најверојатно утре. Се чекаат резултатите од ИЈЗ за дефинитивно лоцирање на причинителот.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека сендвичарата е затворена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа