Сообраќајот ќе се поремети - автобусите ќе стојат кај поранешен „Рекорд“

Екипите на Град Скопје денеска ќе почнат градежни работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата „Димитрија Чуповски“ пред автобуската станица наспроти Театарот за деца и младинци. Сообраќајната лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

За време на реконструкцијата  привремено автобуско стојалиште ќе биде старата постојка „Рекорд“, т.е. пред семафорите на крстосницата меѓу „Димитрија Чуповски“ и „Македонија“.

На обновата на сообраќајната лента ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон“ а.д., а Град Скопје за овој зафат ќе потроши околу еден милион денари. Ќе се изгребе стариот вдлабнат и оштетен асфалт и  ќе се нанесат три асфалтни слоја.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

16.08.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега