Господин Иларион: Абортусот е грев и убиство

Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион изјави дека секој човек има слободна волја за да одлучи што да прави во врска со прекинувањето бременост, но оти за него абортусот е грев и убиство.

- Но, наше е да кажеме што е добро, а што е зло. Јас советувам, повикувам и замолувам, бидејќи знаеме дека во светот има многу бездедетни родители, кои ете поради некоја причина не можат да имаат деца, советувам наместо да го абортираат, да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат среќни и весели со новите рожби, изјави господин Иларион, кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на црквата „Свети Константин и царица Елена“.

Во штипската населба „Балканска“ денеска почна изградбата  и беа осветени темелите на црквата „Свети Константин и царица Елена“, чиј ктитор е бизнисменот Ване Богдов.

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Штип Илчо Захариев кој изјави дека во Штип во моментов се градат шест цркви. Според него ова е голем ден, бидејќи за прв патт се гради црква посветена на Свети Константин и царицата Елена.

ФОТО: Сител

најчитано сега