Ден по погребот на Тијана- улиците во Бајмок пусти, децата дома

Ден по погребот на младата Тијана Јуриќ тишина тешка како олово го окова Бајмок.

Во Бајмок улиците се пусти без детски гласови и соседски разговори по улиците.

Во центарот на селото сеуште стои огромна фотографија од Тијана, каде во саботата вечерта нејзините другари и познаници палеа свеќи за нејзината душа.

 

Тага измешана со бес ја замени тринаесетдневната надеж дека 15-годишното исчезнато девојче ќе биде пронајдено живо. Мештаните се уште ја проколнуваат тешката судбина на семејството Јуриќ. Кога ќе падне мрак сите се зад заклучени врати во своите домови.

Тоа е сликата од селото кое брои над 7.000 жители, и кое по смртта на Тијана е претворено во „село на тишината“, пишува „Вечерње новости“.

 

Мештаните кои по навика се собираат во малиот селски парк кометираат: „Каде живееме? Ништо веќе не е како порано. Сега сите се плашат за своите деца, што е нормално после сè. Но сепак неможеме младоста да ја зтвориме во нашите куќи, мораме некако да продолжиме да живееме нормално. Барем колку можеме“, велат селаните.

10.08.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега