Фаик од Приштина нема заспано цели 33 години

Фаик Цаноли од Приштина цели триесет и три години се соочува со проблемот со спиењето. Всушност тој не спие од 1981 година, по оперативниот зафат што му бил извршен на ногата.

-Се навикнав на оваа ситуација, иако се согласувам дека од време на време станува неподнослива. Постојано барам лек, но, се уште, не сум го нашол, изјави тој за телевизијата Клан Косова.

Телевизијата контактирала десеттина психијатри за да дадат милење околу овој случај, но никој не сакал го коментира, иако се согласиле дека вакво нешто може да се случи.

И пребарањата на интернет потврдуваат дека ваквите случаи се можни, но се многу ретки во светот.

09.08.2014 - 15:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега