Србите во Албанија ќе плаќаат 1.000 евра за да го вратат српското име и презиме

По децениската борба, Србите во Албанија конечно го добија правото да си ги вратат српските имиња и презимиња, кои присилно беа сменети со албански под режимот на Енвер Хоџа. Но за враќањето на својот идентитет тие треба да платат 1.000 евра, пишува српскиот весник "Вечерње новости".

Имено тие можат да го променат само името или само презимето, но не и двете.

Невладината организација "Прогресивен клуб" во својот годишен извештај за политичките права на Србите во регионот обрна големо внимание на овој проблем како едно од најдрастичните нарушувања на човековите права во Европа додава весникот.

- Во Албанија Србите по документи се Албанци. Не можат да впишат националност Србин во граѓанските регистри, посочува организацијата во извештајот.

 

09.08.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега