Во Албанија запленет еден тон марихуана

Полицијата во Албанија заплени еден тон марихуана во близина на градот Круја која била подготвена за транспорт во правец на пристаништето Драч.

Во рамките на широката операција за уништување насади со марихуана полицијата во неколку подрачја во текот на вчерашниот ден уништила околу 30 илјади стебла марихуана.

Во планинските предели во близина на Круја уништени се повеќе од десет илјади стебла марихуана, општина Шкрел, околија Голема Малесија, на северот на земјата над 2600 стебла на марихуана, во селото Треблово кај приморскиот град Валона околу 1900 стебла, додека во општина Пулт уништени се 14.797 стебла на марихуана.

Парцелите кои биле засадени со ова наркотично растение се на планински подрачја и немаат сопственици, односно се државен имот. Токму поради тешкиот и непристапен терен одгледувачите на ова растение ги избираат овие подрачја.

09.08.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега