Почина 83 годишна старица - ја прегазило возило на Брза Помош во кругот на Клиничкиот центар

Осумдесет и три годишна старица настрадала на паркингот на Клиничкиот центар во Крагујевац, кога завчера ја прегази автомобил на Брза помош.

Милица Ј. е повредена околу 11 часот, но и покрај укажаната медицинска помош им подлегнала на повредите, откако била префрлена во болница.

Против возачот на Брзата помош Никола Н. е поднесена кривична пријава.

Владан Јевтовиќ, кој за време на несреќата се наоѓал во возилото за брза помош, за српски Блиц изјавил дека сè се случило на паркингот пред Рехабилитациониот центар, додека возачот се обидувал возејќи наназад да стигне до излезот.

- Возилото дојде да не превезе мене и мајка ми, која се лекува во Рехабилитациониот центар, до нашето село. Возачот возеше полека, но одеднаш слушнавме како некој вреска и возачот веднаш застана и излезе од возилото. Видов дека една баба е прегазена. Беше свесна. Лекарите од брзата помош веднаш и укажаа помош и ја однесоа во болницата, раскажал Владан.

Возачот Никола Н. како што е утврдено по несреќата,  не бил под дејство на алкохол.

08.08.2014 - 21:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега